
Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова песна „Срце и мозок“. На промоцијата љубителите можеа да го погледнат и видео записот за истоимената песна.
„„Срце и мозок” е мојата најнова песна, веќе пуштена во етерот, која ми е лично драга, бидејќи зборува за мислите кои ме уништуваат, но сепак личноста која гордо стои до мене, ми помага да се изборам со истите и да бидам подобар човек!“ изјави Димиш.
Спотот го направи Exstasia, а актери во истиот се Анастасија Трајковска и Гоце Андонов.
Димиш сам ги пишува, снима и продуцира сите свои песни, градејќи автентичен уметнички израз кој брзо привлекува внимание, особено кај младата публиката. Оваа година е доста активен со настапи, а Екран неофицијално дознава дека скопската публика ќе има можност да го види и чуе на седмото издание на Андерфест во ноември.