
Првите објавени изведувачи кои ќе ја забавуваат битолската публика се: „Ареa“, „Нокаут“, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Дани Димитровска, Сара Мејс, „Superhiks“ и Димитар Андоновски. А следува најава и за нови гости.
Од 20 до 31 декември, градот повторно се претвора во голема, светлечка мапа на моменти што ги паметиме: оваа година од Плоштадот Магнолија преку Широк Сокак до Офицерски и Пациото на музејот, од малите и големи градски плоштади преку Безистенот до Старата чаршија и Bliss па сѐ до убавецот Пелистер, осум локации што дишат како една празнична целина.

Македонски






