Skip to main content

3. издание на танцовиот фестивал „Credence Dance“ на ФМУ

Tретото издание на танцовиот фестивал „Credence Dance“, во организација на  Факултетот за музичка уметност – Скопје беше отворен со вечер на класичен балет на големата сцена на НОБ, со почеток во 20:00 часот. Вечерва, исто така ќе бидат доделена и Наградата за трајни вредности во танцовата уметност.

Фестивалот претставува презентација на класичниот балет и современиот танц, презентација на дострелите на танцовата уметност на студентите на ФМУ од Kатедрата за балетска педагогија, нашите алумни, како и гости од САД, Кина, Германија, Италија, Франција и Шпанија.

Програма за вечерта на класичен балет;

1.Фрагмент од „Волшебнaта кукла“, Ј. Баер, П. И. Чајковски, Ц. Пуњи, Р. Дриго
Кореографија С. Ефтимова според С. и Н. Легат
ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, основно училиште
Класа С. Спасеновска, С. Шутевска, И. Накова, О. Тошиќ

2. Фрагмент од „Силфида“, Х. Ловенскјолд
Кореографија Ф. Таљони
Донџе Гау, Ифан Вау
Танцовата академија на Пекинг, Кина

3. Pas de trois „ Лебедово езеро“, П. И. Чајковски
Кореографија. В. Јероменко
Христина Петова, Мила Бошков I година ФМУ
Христијан Сарафов III година ФМУ
Репетиција А. Мијалкова и Г. Божинов

4. „Копелија“, Л Делиб
Kореографија С. Вихарев
Варијација „Зора“
Виолета Карајанова, алумни на ФМУ
Варијација „Молитва“
Јована Лазова II година ФМУ
Репетиција А. Мијалкова и Г. Божинов
Pas de deux „Копелија“, Л Делиб
Кореографија В. Mалахов
Синсин Ин, Ѕен Ван
Танцовата академија на Пекинг, Кина

5. Pas de deux „Рајмонда“, А. Глазунов
Kореографија М. Петипа
Ухау И, Јусин Луи
Танцовата академија на Пекинг, Кина
Варијација
Мартина Цветановска IV година ФМУ

Поврзани вести