
Кога зборуваме за политички субјект, поединец или група, диспозицијата како категорија, што треба да биде препознатлив импулс, што треба да помине во трајна вредност и ја одредува моќта на истите и нивната способност за убедување, привлекување, масовно групирање и разбирливо сето тоа мирно да се трансформира во лидерство, можно е единствено ако оние кои што бараат предиспозиции и диспозиции како основни критериуми, прво мора барателите да бидат препознатливи и чисти, со јасно видливи атрибути што се неопходни за да бидеш препознатлив и привлечен.
Што од сево ова поседува опозицијата? НИШТО! ЕДНА ГОЛЕМА – НУЛА.
Прво, план непознат збор, распоред и распределба равенка со седум (7) непознати, хаотичност, збунетост и конечно хистерија.
Второ, делот што се однесува на моралната и правна норма, каде што се содржани правила за нивно однесување, поединечно од функционери или политичка партија е ужасно, крајно проблематично, недомаќинско, до степен на загрозување на општите прифатени општествено политички цивилизирани социјални, културни и економски законитости што доведува до целосна збунетост, нарушена рамнотежа на зацртаните цели и одбивност кон потенцијални новодојденци што уште при првата средба мириса на распаѓање, несигурност, злоупотреба, зашеметеност и без јасно утврдени насоки и политичко целосно слепило.
Трето, оперативните задачи, распоредот на активности, извршувањето, не доаѓаат од институционалните форми на организирање туку од себичниот лидер во сенка кој што нив “избраните“ од него, не ги третира како соработници туку едноставно ги поседува.
Четврто, што се однесува на талент, надареност или таканаречена вродена диспозиција, таму не смее да се појави ни близу од 100 километри далечина. Таквите таленти за опозицијата се најголема опасност, во нив никој не верува, со нивните вродени вредности се поигруваат и потсмеваат, или ако некој случајно се протнал веднаш го прогласуваат за непријател им соработник и со своите оценки за нив се крајно сурови дури и одвратни, сé заради опасноста нивниот интелект не ги разоткрие тотално збунетите и неповрзани несмасни водичи кои што ги водат излеаните оловни политичари, а да не знаат ни самите ниту пак останатите малубројни да ги изгубат. И тоа ви се случи. Обневидени сте, не знаете каде се тетеравите, очи немате, нозете ви се врзани од тиранинот од Дубаи, место кондури и патики имате железни цокули што ве влечат длабоко во глибот, блатото, сивилото што како последица има за епилог конечно ваше исчезнување.
При самата помисла на СВЕТОСТА ВМРО-ДПМНЕ, од злоба, завист и омраза почнувате да тресете, студена пот ве облива, срцето забрзано ви работи, притисокот ви е над 300, огромен пораст на шеќер во крвта, така што од здрави луѓе се претворивте во пациенти со дијагноза за која нема лек.
Едноставно, тоа е душевна состојба што е предизвикана од моќта, силата, праведноста, патриотизмот, родољубието, честа, чесноста, искреноста и дарбата што вие ја немате а кај ВМРО-ДПМНЕ блика, се излива и го поплавува со човечки дарови севкупното население и граѓанство во МАКЕДОНИЈА.
Вие тоа, опозицијата не го можете, не знаете, не ви личи затоа што според она познатата:
Тој што мрази ќе се удави во својата злоба, а тој што ти го мразиш ќе си продолжи мирно и спокојно по зацртаниот пат на светлост, благодатност и удобен живот заедно со својот народ.
На крај, до опозицијата! Не собирајте шмркачи, земете шмрк, во спротивно шмркот вас ќе ве измие.
Сепак се премислив. Слушајќи ги дискусиите на одредени дилетанти од врвот на опозицијата само додека ја пишував колумнава, сигурен сум дека македонската опозиција е во ТЕРМИНАЛНА ФАЗА.
Вакви какви што сте ви нема спас.

Македонски






