
Секој од нас барем еднаш во животот посакал да се почувствува привилегирано, да биде посебен, важен, награден и да ужива бројни придобивки. Сето тоа станува возможно со изборот на Visa Gold кредитната картичка од УНИБанка, картичка која навистина го подигнува вашето искуство на повисоко ниво. Материјалните добра не можат да ја купат среќата, но, сепак во одредени моменти, радоста и насмевката кои тие ја носат е непроценлива.
Visa Gold кредитната картичка од УНИБанка ве воведува во клубот на привилигираните, овозможувајќи ви да добиете специјални попусти при патување, ексклузивни попусти при пазарење и пристап до специјални менија во врвни ресторани во земјата и странство.
Дополнително ве наградува со премиум здравствени третмани, ви овозможува уникатни искуства и услуги, а се добива и Cashback, поврат на средства од 0,5% за трансакции направени на ПОС и интернет.
Visa погодностите се активираат многу лесно преку Visa ChatBot на Viber или Telegram и веќе ги уживате привилегиите на Fast Track. Оваа кредитна картичка нуди највисока сигурност и безбедност при плаќањата, ни го олеснува процесот на купување и ни овозможува да уживаме во него, каде било и кога било.
Малите работи го прават животот богат, исполнет и комплетен. Затоа, ако сѐ уште немате Visa Gold кредитна картичка од УНИБанка, сега е вистинскиот момент да аплицирате и да се наградите со нешто навистина вредно, креирајќи искуства вредни за сеќавање. Планирањето патувања, пазарувања, па и специјалните третмани сѐ е многу полесно со Visa Gold, вашиот влез во клубот на привилигираните. Вистинската среќа не се крие во големите победи, туку во обичните моменти што го прават животот уникатен. Специјалните работи се во нашите избори и во начинот на кој го живееме животот.
Моментите што вредат најмногу се оние што ги споделуваме со луѓето што ги сакаме. Токму тие ни го бојат животот со смисла, а Visa Gold кредитната картичка од УНИБанка е тука да ни помогне полесно да ги создадеме.

Македонски







