
Европската Унија ја поддржува зелената транзиција не само на национално, туку и на локално ниво, преку проекти што директно го подобруваат квалитетот на живот во општините ширум земјата.
Во рамки на напорите за подобро управување со отпадот и подобрување на квалитетот на воздухот, во тек се активности за изградба на нови регионални депонии и пошумување. Иако квалитетот на воздухот и понатаму останува предизвик, европските програми обезбедуваат конкретни решенија за локалните заедници.
Еден од позитивните примери е Општина Охрид, која со поддршка од ЕУ направи значаен чекор кон почист и поодржлив градски транспорт. Преку проектот „Општина Охрид станува зелена, паметна и иновативна (OHRID GO)”, финансиран од ЕУ преку програмата „ЕУ за општините”, набавени се седум електрични возила за превоз во стариот дел на градот. Возилата со вкупна вредност од 26.981.629 денари, едно со осум седишта, четири со четири седишта и две со две седишта, се наменети за еколошко движење во чувствителното старо градско јадро.
Дополнително, набавени се и 60 смарт велосипеди, поставени на 10 локации, кои граѓаните и посетителите ќе можат да ги користат преку специјална апликација. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 5.031.670 денари, а опремата е доделена на ЈП „Билјанини Извори“.
Комерцијална објава

Македонски






