Skip to main content

Повеќе возила, пократки чекања и нови работни места – WIZI ја менува такси сцената во Скопје

По склучувањето на франшизно партнерство со Наше Такси,WIZI Такси го прошири своето присуство во Скопје на повеќе од 300 возила под уникатниот бренд WIZI. Покрај стандардната услуга WIZI Easy, корисниците можат да ја изберат и опцијата WIZI Cosy со нови, возила од повисока класа. Паралелно, компанијата продолжува да го проширува својот возен парк и да вработува нови возачи. Разговаравме со извршниот директор на WIZI, Владимир Миновски, за понатамошните планови за растење на компанијата.

Која беше главната цел на партнерството со Наше Такси?

МИНОВСКИ: Главната цел беше да се најде силен локален партнер кој длабоко го разбира пазарот, но е отворен и за промени и дигитална трансформација. Сакавме брзо и квалитативно да го зголемиме возниот парк во Скопје и да воспоставиме стабилен систем кој работи подеднакво добро и за возачите и за патниците.

Денес во Скопје возат повеќе од 300 возила на WIZI. Дали продолжувате да растете?

МИНОВСКИ: Апсолутно. Продолжуваме да го зголемуваме возниот парк и активно да регрутираме нови возачи. Покрај проширувањето преку сопствен возен парк и нови возачи, во преговори сме со неколку такси компании во Скопје за приклучување кон системот на WIZI. Поголем број возила значи подобра достапност на услугите и пократко време на чекање за патниците, но и постабилен обем на работа за возачите. Токму овој баланс е од суштинско значење за долгорочниот одржлив раст на целиот систем

Ја воведовте и услугата WIZI Cozy. Што им носи таа на корисниците?

МИНОВСКИ: WIZI Cozy е наменет за корисници кои бараат повисоко ниво на удобност и возила со подобар квалитет, а особено е идеална опција за деловните корисници. Возилата од повисока класа обезбедуваат попријатно и попрофесионално искуство во возењето, со исти стандарди за сигурност, достапност и брзина. Со оваа услуга, дополнително ја прошируваме понудата и одговараме на различните потреби на патниците во Скопје.

Што конкретно им нуди WIZI на возачите?

МИНОВСКИ: WIZI им нуди на возачите структуриран и транспарентен систем за работа со почетна обука и континуирана поддршка. Автоматизираното доделување на возења го намалува времето на мирување и овозможува стабилна заработка, додека работењето во рамките на препознатлив бренд обезбедува континуиран прилив на работа и јасни услови за работа.

Дали корисниците можат да нарачаат такси без апликацијата?

МИНОВСКИ: Секако. Иако силно го охрабруваме користењето на апликацијата поради нејзината брзина и едноставност, можно е и телефонско нарачување. На овој начин, остануваме достапни за сите корисници, без оглед на нивните навики или возраст. WIZI такси во Скопје е достапно преку броевите 15 777 и 15 152.

Во кои други градови е присутен WIZI во Македонија?

МИНОВСКИ: Покрај во Скопје, присутни сме и во Велес, каде што сообраќаат 160 возила преку франшизни партнери. Проширувањето во други градови е веќе планирано, а нашата цел е да изградиме унифициран, современ такси систем на ниво на целата земја.

Која е вашата порака до возачите кои размислуваат да аплицираат?

МИНОВСКИ: Доколку бараат стабилна работа, јасен систем на работа и континуиран обем на возење, WIZI е вистинското место за нив. Моментално активно го прошируваме нашиот возен парк и ги покануваме сите заинтересирани возачи кои бараат вработување, како и постоечките таксисти од други здруженија, да ни се придружат.
Апликациите се отворени на: https://app.gohighlevel.com/v2/preview/BTmltni5ZwBMq6b2BIAW 

Поврзани вести