
На 9 и 10 мај во Скопје ќе се одржи петтото јубилејно издание на меѓународниот конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје. Организатор на овој престижен меѓународен конгрес е факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ). Свеченото отворање ќе се одржи на 9 мај 2025 година, во DoubleTree by Hilton, а конгресот ќе продолжи на 10 мај во просториите на ФЕИТ во Скопје.
Под слоганот „Инженерството ја гради иднината“, Science@FEIT отвора дијалог за улогата на инженерството во современото општество, охрабрувајќи ги младите да размислуваат храбро, критички и интердисциплинарно.
Во рамките на конгресот ќе се одржат предавања за најновите научни и технолошки достигнувања во повеќе области како што се електротехника, телекомуникации, сајбер безбедност, машинско учење, вештачка интелигенција, авијација и слични дисциплини.
Зелената транзиција, идните перспективи на енергетскиот сектор, дигиталната трансформација на општествата и заштита од сајбер закани, ќе бидат темите на панел дискусиите.
Свои излагања на Science@FEIT ќе имаат професори, истражувачи, претставници на институции и на домашни и регионални компании водечки во овие области. Една од главните цели на Science@FEIT да создаде платформа за поголема соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор и иницирање на проекти кои ќе ја интензивираат вклучувањето на науката во реални проекти.
На Science@FEIT ќе бидат организирани практични работилници за зајакнување на вештините кај студентите, а ќе има простор за поголемо вмрежување помеѓу студентите и компаниите.
Настанот се одржува со поддршка на JetBrains, Македонски Телеком, Infineon Technologies, EVN Македонија, Gerresheimer и Цементарница УСЈЕ.
Сите дополнителни информации може да ги добиете на нашиот инстаграм профил @fssfeit