
Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од приоритетните проекти во изборната програмата ја најави реконструкција на Кејот „Македонија“ на Охридското Езеро.
Пецаков истанува дека тој проект е повеќе од потребен за градот, како инвестиција во срцето на Охрид со која ќе се создаде модерен простор, како за охриѓани така и за гостите што доаѓаат тука.
Со реализацијата овој дел од градот добива нов и урбан лик, партерно и хортикултурно уредување, нова урбана опрема: клупи за одмор, корпи за отпадоци и ново соодветно осветлување, како и подобрена безбедност и пристапност до езерото. Работиме напорно за Охрид да го претвориме во модерен и уреден град, додава Пецаков.