Skip to main content

Лукровски: Нема да дозволам Карпош да остане Бела Африка

Почитувани, време е за вистински чист Карпош. Хигиената во Карпош не е прашање на свест и култура, тука на одговорни општински служби што ја работата својата работа. Ако улиците се валкани, ако контејнерите се преполни, ако низ маалата мириса, тоа не е вина на граѓаните, вeли Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е доказ дека системот не функционира. Јас нема да го прифатам тоа, затоа што и самиот сум дел од Карпош ќе воспоставам систем во кој чистотата ќе стане брендот за Карпош. Затоа што ништо не зборува повеќе за една општина, отколку хигиената во јавниот простор.

Во моментов, изгледаме запоставено, со многу смет наоколу. Јас нема да дозволам Карпош да остане Бела Африка. Ќе ја направам општината најчисто и најуредно место во Скопје.

Службите ќе мора редовно да ги чистат парковите, тротоарите и улиците. И да ги празнат кантите, затоа што тоа е нивната работа и затоа земаат плата. Ќе воведам редовно собирање на кабастиот отпад, за да се спречи фрлањето на шут и отпад по улиците.

Но јас нема да застанам тука. Ќе воведам ноќно миење на улиците кога градот спие. Специјализирани возила ќе ја мијат коловозната површина со притисок и дезинфекциски средства.

Не само, чисто на хартија. Туку вистински измиено и пријатно за секој жител и посетител. Во текот на денот, ќе воспоставам мобилни екипи за постојано одржување кои ќе се движат низ населбите и ќе интервенират веднаш кога ќе има истурен отпад или несоодветно ставени предмети.

Нема да дозволам локации да стојат запуштени со денови. Секој агол ќе биде покријен. Ќе го зголемам бројот на корпи за отпад за 10 пати, затоа што не може да бараме ред од граѓаните ако не им дадеме услови да го одржуваат и да ги празниме кантите редовно.

Ќе воведам и систем за брза реакција против вандализмот. Ако некој скрши клупа, истури шут, екипите ќе бидат таму во рокот од само неколку часа. Не затоа што јас сакам да глумам херој, туку затоа што тоа е најдобриот начин да се спречи вандализмот.

Да не му дадеме време да трае. Со апликацијата Мој Карпош, секој граѓанин ќе може да испрати фотографии, локација и ќе добија известување кога екипата ќе интервенира. Сакам хигиената да стане гордост на Карпош.

Не срам како до сега. Бидејќи тоа се пренесува од генерација на генерација. Тоа никако не е прифатливо во 21 век, но хигиената не е само чистење. Таа е одржливост во култура на грижа за нашиот дом. Ќе воведам, едукативна програма во училиштата за селектирање на отпад, ами за општините ќе поставиме специјални контејнери за стакло, пластика и хартија.

Не како декор, туку со реално, редовно празнење. Ќе ги поттикнам здруженијата и младите што сакат да организираат акции за чистење. Не со благодарници, туку со конкретна, логистичка и материјална поддршка.

Да ја направиме хигиената наша секојдневна навика, видлива, брза и доследна. Сакам граѓанинот на Карпош, кога ќе излезе наутро да не се прашува дали е чисто. Туку да знае дека е чисто.

Да знае дека постои служба што работи за него. Не за некого одозгора. Тоа ќе го постигнам со јасен систем, одговорност и редовен мониторинг на службите.

И ќе бидам таму, секој ден, на секое ќоше во општината. Затоа што се води општината со ред, со грижа и со присуство. Јас сум Сотир Лукровски и верувајте, така и ќе биде.

Поврзани вести