Skip to main content

МВР со засилени контроли за користење на мобилен телефон и слушалки за време на возење

МВР

Во периодот од 6 до 12 октомври, сообраќајната полиција при МВР спроведува засилени контроли за употреба на мобилен телефон и слушалки за време на возење.
Акцијата е дел од меѓународната ROADPOL кампања „Фокус на патот“, која се одвива истовремено во 34 европски држави.
Употребата на мобилен телефон за време на возење го зголемува ризикот од сообраќајна незгода и до 20 пати!
Вашата концентрација и брзата реакција можат да спасат живот.
Возачи и пешаци – не ризикувајте! Телефонот оставете го на страна додека возите или преминувате улица.
Рацете на воланот, очите на патот – телефонот почекајте го подоцна, порачуваат од МВР.

Поврзани вести