
Навивачите на фудбалскиот клуб Приштина предизвикаа јавно негодување поради срамната порака со која го најавија претстојниот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, како дел од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
И додека организаторите и спортските институции се фокусирани на ставање на фудбалот во преден план, навивачите на албанската репрезентација испратија порака која наиде на осуда.
На натпреварот меѓу Приштина и Балкани, одигран во Приштина, навивачката група „Плисат“ закачи транспарент со пораката:
Во нашиот Лесковац, на албанска земја, направете нè горди, во име на историјата.