
Реконструкција на големите локални улици! За подобар сообраќај, за побезбедни улици. За поквалитетен живот на граѓаните. Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици, објави на Фејсбук актуелниот и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба, стои во партиското соопштение.
Ќе ги реконструираме:
ул. Лазар Поп Трајков – Автокоманда
ул. Анри Барбис и ул. Карл Хрон – Триангла
ул. Среќко Пужалка и ул. Финска – Ченто
ул. Пехчевска – Хиподром
ул. 2 и ул. 18 – Инџиково
ул. Трајко Китанчев – Ченто,
ул. 10 и ул. 3 – Јурумлери.
Во првиот мандат:
Повеќе од 170 локални улици асфалтирани!
Дополнително во вториот мандат: Ќе асфалтираме и 100+ нови улици, надвор од овој проект. Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува! Во следните 4 години, тој ќе биде целосно завршен. Заедно создаваме чисти, безбедни и проодни улици за сите!, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.