
На 10 октомври во 19 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) е закажно отворањето на изложбата „Приказни за замислен дом” (“Tales of an Imagined Home”), резултат на повеќемесечната соработка помеѓу студенти и наставен кадар од Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија) и Колеџот за кинеска и АSEAN уметност при Универзитетот во Ченгду (Кина).
Оваа изложба ја обединува мултидисциплинарната група студенти од Скопје (РС Македонија) и Ченгду (Кина), кои потекнуваат од различни студиски подрачја како сликарство, графика, визуелни комуникации и дизајн на продукт. Секој студент, во соработка со партнер од спротивниот универзитет, замислува како би изгледал родниот град на својот партнер за 100 години во иднината. По повеќемесечна соработка на далечина, процесот кулминираше со изработка на дела во различни медиуми – дигитални и традиционални слики и цртежи, текстилни модели, анимации и спекулативни игри, кои ја покануваат публиката да размисли за иднината на заедниците, природата, технологијата и значењето на домот.
Куратори на изложбата: проф. м-р Алекс Клоуз (Универзитет во Ченгду), проф. м-р Слободанка Стевческа (ФЛУ, УКИМ), асс. м-р Ана Спасова (ФЛУ, УКИМ)
Учесници на изложбата се студентите:
Билјана Богдановска, Денис Денчиќ, Јана Крстеска, Стефанија Цветановска, Лука Димитриевски, Нина Настев, Сара Ачкоска, Ана Гошева и Дарко Бојовски (ФЛУ, УКИМ) и Емили Џојс, Болорџин Гонгор, Патира Дуангџај, Сохиба Кучкарова, Талин Гуин, Меи Као, Викторија Шумеика, Кират Сомроо и Чан Ки Јин (Универзитет во Ченгду, Кина).