Skip to main content

Муртезани: Османи има само болна желба за функција

Изет Меџити убедливо ќе победи во Чаир уште во првиот круг. Тој се грижи за чаирчани за разлика од Бујар Османи кој има само крајно болна желба да стане функционер. Ова е ставот на Орхан Муртезани, министер за европски прашања и потпретседател на Алтернатива (дел од ВЛЕН), Орхан Муртезани.

Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Муртезани вели дека кандидатите на коалицијата ВЛЕН – и Меџити и Билал Касами, ја заслужуваат довербата од граѓаните.

„Чаир е многу важен бидејќи се смета како претставник на Албанците во цело Скопје. И има плус одредена симболика. На терен кога зборувате со луѓето, значи многу лесно се добива впечатокот дека за Изет има одредена перцепција дека се грижел за граѓаните, дека ги штител, дека помогнал. И од другата страна, имате еден човек којшто никогаш не бил присутен помеѓу чаирчани и којшто има само одредена, крајно болна желба да стане функционер на сите нивоа, без разлика дали тоа е на централна или на локална власт“, изјави Муртезани.

Според него, битката ќе биде завршена уште во првиот круг на 19 октомври, бидејќи, како што вели Муртезани, Меџити нема загубено никогаш во Чаир

Поврзани вести