
Дефектот во мрежата што синоќа остави половина Скопје со серизно намален капацитет и притисок на водата настанал поради пукање на цевка ф-600 (широчина од 60 сантиметри), соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. До пукањето дошло поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец. Проблемите со водоснабдувањето беа забележани во Влае, Ѓроче Петров, Карпош, Тафталиџе, Центар и во други делови.

Од „Водовод и канализација“ велат дека како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.
Жителите на скопската населба Влае, каде се случи дефектот, велат дека вчеравечер слушнале силна експлозија од што се треселе куќите. Првично жителите во околните куќи мислеле дека станува збор за земјотрес. Но, кога излегле надвор виделе дека на улицата има голема дупка од каде истекува вода.