Тимот на новоибраниот американски претседател Доналд Трамп сака САД да се повлечат од Светската здравствена организација на денот на неговата инаугурација.
„Фајненшл тајмс“ пишува дека ваквата постапка би имала „катастрофални последици“.
Според СЗО, излегувањето на САД од организацијата ќе ја загрози нејзината способност да се бори против здравствените кризи како корона-вирусот и ќе ја лиши од главниот извор на финансирање.
Организациите како СЗО играат клучна улога во глобалната соработка за развој и дистрибуција на вакцини.
Ако не сте вклучени во овие институции, нема да знаете кога ќе се случи следната епидемија. СЗО ќе се соочи со многу тешки години, ќе и биде тешко да одговори на здравствените итни случаи и ќе мора значително да го намали својот научен кадар“, изјави Ашиш Џа, поранешен координатор за корона-вирус во администрацијата на Џо Бајден.
Според Џа, европските земји нема да можат доволно да ја финансираат СЗО, а Кина „само ќе го зголеми своето влијание“.
Трамп веќе се обиде да ги повлече САД од СЗО во 2020 година. Потоа , тој ја обвини организацијата дека е „претерано контролирана“ од Кина. Изворите на „Фајненшл тајмс“ тврдат дека Трамп овојпат ќе дејствува „многу побрзо и поодлучно“.