
Ретроспективна изложба на фотографии од Александар Кондев
Изложбен салон Империјал 1 и 2
7 октомври 2025, 20 часот
Александар Кондев, Македонски фотограф,роден во Скопје 1950 г.Основно и средно образовани го стекнува во Скопје и студира на Економскиот факултет. Интересот за фотографијата и фото техниката се појавува уште во раните школски денови,учествува на натпреварите и конкурсите организирани од Фото кино сојузот на Македонија и Народна Техника уште од 1961 година.Но на почетолот на гимназијата/1965-66г./ интересот се пренасочува кон аматерскиот филм,за кои е наградуван на фестивалите.Во овој ангажман посебно е значајно што тој е автор на првите анимирани филмови во Македони,а од Кино клубот „Камера 300„ произлегоа првите автори на Македонскиот цртан филм.
Периодот на студиите го враќа назад интересот за фотографијата,членува во Фото клубот Вардар во неговите најплодни години.Првата самостојна Изложба ја поставува во галеријата на Домот 25 мај,денес познат како МКЦ во 1976г. При крајот на седумдесетите го формира Фото клуб 25,еден од најактивните и најдобрите клубови во Македонија но и во тогашна СФРЈ,Од осумдесетите години работи во студиото на Фотоцентар како фотограф.Членува во управните одбори како на Фото клубовите,така и на Фото сојузот на Македонија.Член е на редакцијата на Фото кино ревија,единствен фото часопис од екс Југославија.Во 1983-4г. Станува Предсетел на Председателството на Фото сојузот на Македонија,се бори за промена на односите ви него,дотогашната Републичка изложба,ја трансформира во во денес познатата манифестација „Денови на Македонска фотографија.Паралелно со неговата професионална работа,организира семинари,член е на жири на многу изложби,а посебно се посветува на фотографијата во културата како Скопско лето,МНТ,Македонска Опера и балет,Македонска Филхармонија, Заводите за заштита на спомениците и културата кај нас.Од 1994г до 2002,го предава предметот фотографија на Факултетот за ликовна уметност.Автор е на повеке самостојни и групни Изложби во земјата и странство.Неговите фотографии се илустрација на многу книги и монографии на повеке издавачи и автори.Автор и коавтор е на две книги.Националната галерија на Македонија му организираше голема Ретроспективна изложба во 2015 година. Живее и работи во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 14.10.2025 година.