Skip to main content

Мицкоски: Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и ЛЕВИЦА е огромен

Принтскрин од видео

Пред секои локални избори пишуваме програма во која кажуваме што ќе направиме, во овој случај кај Стевче зборуваше што направил, но и за тоа што планира да направи, пореча од митингот во Новаци претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И тоа е суштината на локалните избори, да се зборува, за паркови, улици, градинки… но не секогаш локалните избори треба да се фокусираат на локалните проблеми, понекогаш треба да испратите некоја политичка порака, да направите политичка анализа, да испратите можеби некој совет, за иднината на државата бидејчи локалната и централната власт се тесно поврзани и тие мора да соработуваат. Доколку не соработуваат тогаш или централната или локалната власт не си ја работи работата како што треба. Затоа денес сакамд а испратам неколку политички пораки за коишто мора да бидеме свесни дека постојат, истакна Мицкоски.

Тој го искоментира изборот за тоа што значат овие локални избори.

Од една страна имаме коалиција којашто е формирана на непринципиелни основи. Тие се здружени и водени само од една работа, а тоа е желбата за власт и гневот кон ВМРО-ДПМНЕ. Тие две работи ја обединуваат оваа коалиција. Тоа е коалцијата СДСМ, ДИУ и ЛЕВИЦА. Се уортачија Венко Филипче или Зоран Заев како милувате, Али Ахмети и Димче Апасиев. И втората коалиција е оваа што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тие се двете опции. Двата можни избори на овие локални избори, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека е убеден дека првата опција или коалиција на СДСМ, ДУИ и ЛЕВИЦА не е атрактивна опција за граѓаните во Македонија.

Поврзани вести