
Нов штаб на копнените сили на НАТО во Cеверна Европа почна со работа во финскиот град Микели, што се наоѓа на само триста километри од Санкт Петербург, објавува финскиот портал „Yle“.
Официјално, задачите на овој штаб вклучуваат планирање заеднички вежби, координирање на акциите на сојузничките армии и практикување „мирна интеракција“. Но, во случај на војна, силите на НАТО во регионот ќе бидат командувани оттаму.

Штабот го води Норвежанецот Уве Стаурсет, заедно со командантот на финската армија, генерал-потполковник Паси Валамаки. Финскиот министер за одбрана Анти Каиконен нагласил дека главната цел е зајакнување на копнената одбрана во Cеверна Европа, затоа што таа се смета за најранлива.
Финска се приклучи на НАТО пред две години, а Алијансата сега има команден центар веднаш на границата со Русија.