Skip to main content

МНТ со тројна победа на „Бекстејџ“: „12“ е претстава на годината, Микиќ е прогласен за најдобар актер, а Џамбазов има изјава на годината

Фејсбук профил на МНТ

Македонскиот народен театар доби три признанија на синоќешното одбележување на 18-от роденден на телевизискиот магазин за шоубизнис „Бекстејџ“.

Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов е прогласена за најдобра театарска претстава – продукција за која интересот сè уште не стивнува. Во претставата играат 12 врвни актери на МНТ и се вбројува помеѓу најзначајните културни настани во МНТ.

Александар Микиќ / Фото: Фејсбук профил на МНТ

Наградата за најдобар актер му припадна на Александар Микиќ, за врвна актерска игра и влијанието врз театарската сцена. Еден од најангажираните актери во тековниот репертоар на МНТ, Микиќ зад себе има повеќе од 60 театарски улоги на матичната сцена, 25 филмски и над 10 телевизиски остварувања.

Игор Џамбазов / Фото: Фејсбук профил на МНТ

Со автентичен и секогаш искрен глас, Игор Џамбазов ја доби наградата за изјава на годината, уште еднаш потсетувајќи дека зборот на уметникот има тежина и значење.

Поврзани вести