Skip to main content

МНТ со „Страв и надеж“ го отвора вечерва Фестивалот на актерот во Никшиќ

Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва, на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ. МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ-Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања.

Во претставата играат Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Покрај Македонскиот народен театар, ќе учествуваат и Центарот за култура од Тиват, театарот Звездара и Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука.

Поврзани вести