
Фудбалерите на Шкендија загубија на гостувањето во Мадрид против Рајо Ваљекано со 2:0 (2:0) во воведното коло од главната фаза во лигата на конференции.
Шпанскиот тим ја оправда фаворитската улога и дојде до рутинска победа.
Шкендија одржуваше резултатска неизвесност само во првите половина час, кога Унаи Лопез му донесе водство на Рајо Ваљекано во 28 минута, а само пет минути подоцна Фран Перез ја удвои предноста.
За актуелниот македонски шампион Шкендија ова беше дебитантски настап во клупската историја во главната фаза на едно европско натпреварување, а следен противник ќе му биде ирски Шелбурн, кој ќе гостува во Скопје на 23 октомври.