Skip to main content

Поради обилни врнежи на снег, забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража

Од вечерва е воведена забрана за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Како што информира АМСМ, забраните се воведуваат поради обилните врнежи од снег и задржувањето на снегот на коловозите.

Забраната за камионите на патот Маврово – Дебар важи од 19:45 часот, а за патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража од 20.00 часот.

Поврзани вести