
Тетово го најдовме рушено, синоним за дупки и разурната инфраструктура, град во колапс. Денес, населба по населба, Тетово се трансформира и добива поинаков лик, истакна кандидатот од ВРЕДИ за градоначалник на Тетово, Биљал Касами.
Денеска дојдов да ги видам работите во Блок 70, населба заборавена од претходната власт, со многу инфраструктурни проблеми.
Во соработка со Владата, инвестиравме вкупно 15 милиони денари за изградбата на Блок 70.
Како дел од овие проекти за целосна трансформација на патната инфраструктура на нашиот град, градиме повеќе улици во населбата Дреновец, Теќе, Поток, Колтук, Вонвардарска, населбата кај Младинската џамија, Тетовчанка, Цетинска, урбаниот блок пред Зелениот пазар или како што е познато, населбата Ајдучко маало.
Исто така и во Мала Речица, Голема Речица, Џепчиште, Селце, Шипковица, Лавце, Сараќино и во многу други населби и села изградивме и градиме патна инфраструктура, трансформирајќи ги во европски села и населби“, вели Касами.
Тој додава дека локалната самоуправа нема да застане тука.
Вкупно околу 430 милиони денари, односно околу 7 милиони евра, ќе се инвестираат во основната инфраструктура и изградбата на нови модерни улици за тетовските населби.
Чекор по чекор, го трансформираме Тетово во модерен и урбан град, затворајќи го поголемиот дел од инфраструктурните проблеми.
Почитувани граѓани на Тетово, ерата на хаосот, неодговорноста, на Тетово руинирано и со дупки, заврши.
Напредокот што го постигнавме во овие четири години не смее да запре. Тетово не смее да се врати назад. Тетово продолжува напред со Второто поглавје на развојот. Уште повеќе, уште подобро, уште посилно“, вели Касами.