
Денеска се прогласуваат победниците во официјалната и студентската селекција по што следува доделувањето на наградите. Овогодишното жири кое одлучува за најдобар филм во официјалната и во студентската селекција го сочинува: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка.
Поради временските услови, локацијата на фестивалот се префрла целосно во КОТУР.
Офијалната селекција се натпреварува за наградата „Данчо Чеврески“, која е финансиски поддржана од Халк Банка. Студентската селекција се натпреварува за најдобар студентски филм, а целосната филмска програма е во трката за најдобар филм според публиката.
По доделувањето на наградите следува проекција на документарниот филм „Бабички на револуцијата“ во режија на Петра Селишкар и Бранд Ферро. Проекцијата е посветена на Илинденка Петрушева и ќе се реализира заедно со пријателите од фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс.
Програма за 2 Октомври (четврток)
Локација: КОТУР
19:30 | Прогласуваье на победници во официјалната селекција и студентска селекција и доделување на награди
20:00 | Sирни и МакеДокс проекција посветена на Илинденка ПетрушеваБАБИЧКИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА 2006 | 96 минути Режија и сценарио: Петра Селишкар и Бранд ФерроИнтимна приказна за еден пар и нивните семејства кои имале слична судбина во периодот на Втората светска војна. Ќе отпатуваме во Словенија, Македонија и Куба. Преку емотивни и комични елементи, овој филм нè воведува во верувањата во три различни идеологии.
20:00 | Музичка селекција на Давид Николовски DaPhunkФестивалот продолжува со реализација на програмата до 6 Октомври со локација Кафе и филм КОТУР. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на SИРНИ (www.dzirnifestival.com). Влезот за сите проекции е слободен, но поради органичениот број на седишта потребно е да подигнете билет од КОТУР.