
На 01.10.2025 година, од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходна судска наредба извршени се претреси на три локации на подрачјето на Ѓорче Петров.
Во акцијата е лишен од слобода Д.Б.(24) од Скопје затоа што при извршен претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени кокаин, марихуана и пари, информира МВР.
По целосно документирање на случајот поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РСМ.