
Чесната и посветена работа е единствена опција за граѓаните на општина Бутел, нагласува актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски на денешната средба со жителите во Љуботенски пат.
-Заедно со моите сограѓани од Љуботенски Пат разговаравме за изминатите 4 години, но и за се она што следува во натедните. Овде пред 4 години ветив 3 капитални проекти и денес пред моите сограѓани стојам гордо со исправена глава! Ветивме и реализиравме нова пешачка патека во должина од 1000 метри со ново лед осветлување, целосна реконструкција на улица 30 и изградба на нов спортско-рекреативен ценнтар.
Се ова денес е завршено и продолжуваме понатаму. Исто така, разговараме и за проектите коишто се реализираат на барање на граѓаните, истакнува Костовски.
Тој додава дека отворениот пристап кон граѓаните е еден од неговите најважни принципи на работење.