
На овие избори се разоткрија вистинските лица на политичката сцена.На едно место се собраа и се обединија структури за најголемите криминални интереси и политички профити, се здружија само поради една цел, да ги заштитат личните бизниси.Првата коалиција на терен е Левица и ДУИ кои се претставуваа како антагонисти за сега во Струга и Тетово да ги гледаме рака под рака Али Ахмети и Димитар Апасиев. Се со цел да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие два града, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Апасиев и Левица истите кои беа поддржувачи на СЈО за дебели хонарари сега на овие избори повторно се продаваат за позиции, фотелји и многу кеш. Тоа е политиката на пазар и мито која Левица се обидува да ја прекрие позади маската на идеологијата.
Втората коалиција се Стевчо Јакимовски, човек на црната листа на САД кој се здружи со Венко Филипче под директива на Зоран Заев. Карпош за нив е претворен во пазар на политички зделки а кандидатот на СДС е само декор, нема ниту кампања, ниту поддршка а нема ниту шанса на овие избори.
Триото Заев, Филипче и Јакимовски нема идеологија, само профит и проценти.
Триото Заев, Филипче и Јакимовски ги спојува криминалот, градежната мафија и тендерите.
За ова трио, Заев, Филипче и Јакимовски општина Карпош е само каса од која ќе се финансираат нови коруптивни шеми за луѓето околу нив.
Двете коалиции, Левица со ДУИ и СДС со црнолисташот Јакимовски се прочитани и ќе бидат дебело поразени на овие избори.
Народот ги препознава игрите зад кулисите на овие политички актери како Заев, Филипче, Ахмети и Апасиев и ќе ги испрати во политичка пензија. Затоа време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ