Завршни зборови беа дадени денес, во постапката против Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на момчето убиец Коста, кое на 3-ти мај минатата година го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ и убија девет ученици и чуварот на таа институција.
Обвинителството побара максимална казна за обвинетите.
Обвинителот побара за Владимир Кецмановиќ 12 години затвор за кривично дело против општа безбедност и три за запуштање и малтретирање малолетно лице, односно единствена казна од 14 години и 11 месеци.
За мајката на Коста, побарана е затворска казна од две ипол години, но и парична казна од 500.000 динари.