Skip to main content

Андоновски: Имаме план и програма за Гостивар, за почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура

Гостивар заслужува чисти улици, уредни јавни простори, сигурна вода и безбедни улици за сите. Градот има предизвици со сметот, канализацијата и кучиња на улиците. Но, секој предизвик има и решение, а ние имаме план и програма како да го решиме, изјави Мартин Андоновски носител на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ во Гостивар.

Еден од тие проблеми е водата за пиење, со којшто мора да биде сигурна и чиста, а секоја населба да има соодветна канализациона инфраструктурна мрежа.

Наша заложба како советници ќе биде одржување на чистотата и хигиената во градот. Затоа што нашите граѓани тоа и го заслужуваат. Како иден советник во општината, лично ќе се залагам за воспоставување на системско решение за хуман третман, намалување на бројот на кучиња на улиците – истакна Андоновски.

Изминатата година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како централната власт помага на локалната. Гостивар не беше заборавен. Без разлика на партиска, етничка или пак национална припадност, оваа Влада работи за секој еден од нас.

Приоритетите за кои ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се залагаме да ги реализираме ги претставивме. Ние имаме план и програма како да ги решиме, во соработка со централната власт, сакаме да направиме многу. Затоа и ја бараме вашата поддршка. Продолжуваме да се бориме за почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура и повеќе простор за сите“, додаде Андоновски.

Гостивар заслужува. Затоа ве повикувам да го направиме вистинскиот избор, за твоето место, за твојата иднина – потенцира Мартин Андоновски носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.

Поврзани вести