Skip to main content

Куртулмуш: Да се зајакне и негува мирот и стабилноста на сите земји од Балканот, недоразбирањата да се решат на дипломатска маса

Фото: МИА

Меѓу Турција и Македонија постои моќна и непоколеблива врска која датира уште од првиот миг на прогласувањето на независноста на земјата. Важно е да се воспостави, зајакне и негува мирот и стабилноста на сите земји од балканскиот регион, а недоразбирањата да се решат на дипломатска маса со заемно разбирање на страните, порача претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Нуман Куртулмуш, кој денеска е во посета на Скопје.

Куртулмуш во рамки на посетата во Скопје оствари средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши.

По средбата тој, на заедничката прес-конференција со Гаши, посочи дека односите на Турција со Македонија имаат континуиран раст, особено во делот на трговијата, а во делот на одбранбената индустрија постои интензивирање на економската соработка.

-Турските туристи се меѓу најбројните од странските туристи кои ја посетуваат земјата, а секако Турција преку своите институции реализираше огромен број на проекти во сите краеви на земјата и со тоа придонесува во севкупниот развој на Македонија. Ние имаме историски и културни белези во сите балкански земји и поаѓајќи од ова, цениме да ја зајакнеме соработката и односите со сите земји од регионот, рече Куртулмуш.

Поаѓајќи од фактот дека во регионот кој ја опкружува Турција се случуваат многу војни и конфликти, Куртулмуш порача дека посакува час поскоро да бидат оставени во минатото сите недоразбирања, а сите спорови да се решат на мировен начин со заемно разбирање.

Рече дека државата е подготвена да го поддржи зајакнувањето на демократските капацитети во земјите од регионот.

Куртулмуш на прес-конференцијата се осврна и на војната меѓу Русија и Украина, за која посочи дека посакува да се постигне праведно и за двете страни прифатливо решение во војната, која веќе три години остави длабоки хумани катастрофи.

-Уште од самиот почеток на конфликтот игравме значајна улога во аспект на посредништво за час поскоро решавање на овој воен конфликт. Дури во Истанбул страните веќе беа договорени, нацрт текстот веќе беше парафиран, но поради фактот дека одредени земји не сакаа да заврши војната, не беше потпишан мировниот договор. Ќе настојуваме да дејствуваме со иста мировна перспектива, за наоѓање решение за овој проблем, рече Куртулмуш.

Тој изрази жалење за вчерашниот воздушен напад во Киев, каде беше оштетена Амбасадата на Македонија.

-Турција играше улога во насока на реализирањето на промената која се случи во Сирија по 61 годишен режим. Исто така, крајно време е да се каже стоп на агресивноста и да се запрат злосторните дејствија во врска со геноцидот кој Израел го извршува во Газа, каде што се убиени близу 50 илјади луѓе, од кои 70 отсто од нив се жени и деца, рече Куртулмуш.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на прес-конференцијата посочи дека оваа меѓусебна поддршка е од суштинско значење за зајакнување на нашата заедничка позиција на меѓународната сцена.

-На средбата ги адресиравме заедничките предизвици во реализирањето на нашата стратешка цел за членство во ЕУ. Убеден сум дека со истата динамика и посветеност ќе останеме еден до друг за да ја исполниме оваа аспирација, која е единствена можност за обезбедување мир, развој и просперитет за нашите граѓани, рече Гаши.

Тој додаде дека остануваат посветени да се зајакне нашето стратешко партнерство преку различни проекти и иницијативи кои ќе донесат придобивки за двете земји и за граѓаните.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom