Skip to main content

Најдено украденото „БМВ“ во Гостивар, го возел 14 годишник

На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар.

Тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Г.И.(66) од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот.

-Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на регионалниот пат Охрид-Ресен и веднаш го исклучиле од сообраќај. Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Охрид, по што тој е спроведен во ОВР Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести