
Парламентот на Словачка денеска на предлог на Владата усвои уставен амандман со кој се ограничуваат правата на истополовите двојки и се отежнува промената на полот, а во регулирањето на тие прашања предност се дава на домашните закони, а не на прописите на Европска Унија.
„За“ предлогот гласаа 90 од 99 присутни пратеници, додека опозицијата не учествуваше во гласањето.
Со амандманот право на посвојување на деца имаат само брачните двојки, со ретки исклучоци.
Во јануари, по објавување на предлог-текстот на амандманот, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека има само два пола – машки и женски.