Skip to main content

Стрико на поранешен министер од ДУИ се токми да биде претседател на Советот на јавни обвинители


 
Кадрите блиски до СДСМ и ДУИ кои се дел од Советот на јавните обвинители (СЈО) идниот вторник започнуваат постапка за избор на нов претседател на СЈО, со цел да го задржат влијанието во јавното обвинителство. Во обвинителските кругови се коментира дека за обвинителите кои се блиски до ДУИ оваа позиција е многу посакувана, со цел да се опструира процесуирањето на отворените постапки за дел од кадрите на ДУИ, како што се предметите за Артан Груби и Перпарим Бајрами, но и за модуларната болница, случај во кој првостепено е осуден екс директорот Флорин Бесими, внук на обвинителот Башким Бесими и брат на поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими.
 
За кадрите во ЈО кои се блиски до СДСМ, велат тие, контролата на оваа институција е битна заради предметот за додатоците на обвинителите од поранешното СЈО, меѓу кои лично засегнати се обвинителите Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.


Според обвинителите со кои разговаравме главен координатор на оваа операција бил државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој во изборот на Башким Бесими за нов претседател на Советот на јавни обвинители  гледал шанса за негово понатамошно влијание и во периодот после неговото разрешување од позицијата главен државен обвинител .


По обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалот со прислушкувањето од страна на АНБ, Коцевски е битна карика во синџирот на СДСМ, во врска со следењето на тогашниот прв опозиционер Христијан Мицкоски, како и одредени новинари и бизнисмени – коментираат обвинителите.


Од извори во Советот на јавни обвинители, дознаваме дека на последниот колегиум, Ермон Незири, член на Советот и близок пријател на Гаврил Бубевски, го предложил Башким Бесими, стрико на бившиот министер за финансии од редовите на ДУИ, за иден претсдател на Советот за јавните обвинители.  


Државниот обвинител Коцевски активно лобирал кај членовите на Советот да гласаат за Бесими да биде избран за прв човек на оваа институција, а најголеми напори вложува да ја добие поддршката на актуелната престдателка на СЈО, Душица Димитриевска, на која овој месец И истекува мандатот на таа позиција. Инаку Башким Бесими е роден во 1966 година во Тетово, а правен факултет дипломирал на факултетот во Приштина во 1991 година.


Ваквата агилност на обвинителите блиски до СДСМ и ДУИ во изборот на претседател на Советот најавниобвинители, има за цел да се минимизираат најавените реформи во судството, како и да се саботира одговорноста пред законот на одредени фунцкионери од поранешната власт за кои постојат оформени предмети.