Skip to main content

Зошто е запалено БМВ-то кај Зелен пазар?

Протипожарните екипи го гаснат огнот од експолозијата што настана вечерва во близина на Зелен пазар откако беше запалено возило. Станува збор за БМВ хибрид кое било паркирано кај зградите околу пазарот. Експлозиција беше толку силна што предизвика вознемиреност кај жителите од околните згради па многумина излегоа да видат што се случува.

Од првичните информации најверојатно станува збор за подметнат пожар а допрва ќе се утвдуваат причините и кој е соптвеникот на возилото.

Поврзани вести