Skip to main content

Ете шанса за Македонија: ФИФА планира Светско првенство во 2030 година со 64 репрезентации

– ФИФА размислува за одржување на Светското првенство во 2030 година со 64 екипи, објави „dailysports“.

Според британскиот спортски портал, Светската фудбалска асоцијација го поддржала предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на екипи. Се очекува групната фаза да се одржи во 16 групи од по четири екипи, при што првите две ќе продолжат во нокаут фазата.

ФИФА веќе го зголеми бројот на екипи што учествуваат на Светското првенство од 32 на 48. Првото Светско првенство во овој формат ќе се одржи во 2026 година.

Светското првенство во 2030 година ќе се одржи од 13 јуни до 21 јули во Шпанија, Португалија и Мароко. Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на воведните натпревари.

Поврзани вести