
Познатиот тениски тренер, Никола Ники Пилиќ, починал на 87-годишна возраст во Риека, објави ХРТ. Тој беше еден од најдобрите тренери на сите времиња и, меѓу другото, се смета за „тениски татко“ на Новак Ѓоковиќ, бидејќи најдобриот тенисер на сите времиња играше во неговата тениска академија и таму стекна големо знаење.
Никола Пилиќ го промени светскиот тенис, поставувајќи ги темелите на АТП откако иницираше промени што доведоа до професионализација на овој спорт, а остави и длабок белег како селектор во Дејвис купот.
Тој успеа три пати да го подигне трофејот од Дејвис купот, со Хрватска, Западна Германија и Србија во 2010 година кога беше советник на тренерскиот штаб. Што се однесува до неговите играчки денови, тој освои девет медали во поединечна конкуренција и шест во двојки, вклучувајќи го и трофејот од Гренд слем во 1970 година на Отвореното првенство на САД. Неговиот најдобар пласман на АТП листата е шести.
Пилиќ долго време бил болен и почина во Риека, а последен пат го видовме со Новак Ѓоковиќ во 2022 година во Белград, на Отвореното првенство на Србија.