
Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон и одбранбеното аташе, потполковник Едвард Џон Грин, кој го завршува својот мандат во нашата земја.
– Упатив искрена благодарност до потполковникот Грин за неговиот значаен придонес во унапредувањето на билатералната одбранбена соработка помеѓу нашите две земји и му посакав уште поголем успех на професионален и личен план, вели Мисајловски.
Оваа соработка резултира со континуирано јакнење на капацитетите на нашите одбранбени сили, согласно НАТО-стандардите и целите на способности, преку интензивни обуки, тренинзи и обезбедување на современа опрема.
– Остануваме целосно посветени на продлабочување на оваа партнерска соработка насочена кон зголемување на интероперабилноста и оперативната подготвеност во согласност со највисоките сојузнички стандарди, напиша министерот.