
Македонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека на 28 септември во 8.30 часот ќе се осветува црквата „Св. Константин и Елена“ што се наоѓа на улицата Македонија во центарот на Скопје.
– По повод осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан – рекоа од МПЦ-ОА.
Осветувањето ќе го изврши неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од Црквата.