Skip to main content

Почнува манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2025“

Во Музејот на Македонија денеска напладне ќе биде отворена манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2025“.

Темата на овогодинешото одбележување е „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото – врата кон иднината“. Во таа пригода ќе биде отворена изложбата „Допрете ги покуќнинските садови“ на авторот Сузана Марковска, едукатор – етнолог во музејот, најави Музеј на РС Македонија.

Изложбата е тактилна и е посветена и наменета за слабовидни и слепи лица. Таа ќе биде проследена со едукативни работилници и во следните денови.