
Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека денеска на владина седница ќе биде отворена оваа значајна точка.
„За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од градовите на тој начин е намалено загадувањето“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека Владата веќе мапирала околу 500 државни објекти кои користат фосилни горива, најчесто дрва, и дека постои можност и таму да се инсталираат филтри.
„Очекувам повторно од ноември невладини организации да се активираат и да се борат за почист воздух, иако во изминативе седум години ги немаше. Оваа мерка би била вонредна, но мора да видиме како законски да ја реализираме, бидејќи сме во изборен период“, додаде премиерот.