Skip to main content

Елена Васова е добитничка на наградата „Милан Младеновиќ“

Фондација Милан Младеновиќ

Македонската пејачка Елена Васова е годинашната добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“ за песната „Љубов“. Наградата ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ“ на 21 септември, на денот на раѓањето на легендарниот фронтмен на „Екатерина Велика“. Наградата беше доделена во Макарска, во рамки на фестивалот „Модро и зелено“.

Наградата се состои од плакета и 3.000 евра. Добитникот има можност да настапи на неколку регионални музички фестивали.

Васова е родена во 2000 година во Скопје. Песната „Љубов“ е продуцирана заедно со Ненад Стефановски и Ади Имери, а учествуваат и Петар Лукиќ, Мартин Џорлев и Милош Спасов.

Во 2022 година оваа награда ја освои македонската пејачка Дина Јашари.