Skip to main content

САД ја стопираат продажбата на ракети „Патриот“ за Европа

spacex-on-unsplash

„Атлантик“ пишува дека САД ја суспендираат продажбата на ракети „Патриот“ на Европа.

Според изданието, првиот сигнал за промената на ставот на официјален Вашингтон била ситуацијата со Данска: земјата планираше да купи ракети за воздушна одбрана во вредност од околу девет милијарди долари од САД, но во последен момент Пентагон се откажа од договорот.

Не можевме да разбереме зошто. Се чинеше очигледно, но тие едноставно не беа заинтересирани“, изјавил еден од вработените што ги следеле преговорите.

Според публикацијата, Пентагон признал дека голем број оружја се во недостиг и сега ги блокира новите барања за нивно купување од Европа.

Загриженоста за недостигот на системи „Патриот“ трае веќе неколку месеци. Според Министерството за одбрана на САД, земјата има само околу 25% од потребниот број на пресретнувачки ракети. Покрај тоа, Европа практично нема аналог на системот „Патриот“, што го прави особено баран.

„Атлантик“ истакнува дека под администрацијата на Доналд Трамп, приоритетите на САД се менуваат – сè повеќе поддржувачи на слоганот „Америка на прво место“ заземаат клучни позиции, а Белата куќа се чини дека е решена да го стави надополнувањето на сопствените залихи над интересите на сојузниците.

Поврзани вести