Skip to main content

Второ издание на „АРТ УМ“ во Гевгелија

Општина Гевгелија

Во Гевгелија денеска и утре се одржува второто издание на „АРТ УМ“ Мултимедијален фестивал, во организација на ЗГ „АРТ УМ 023“- Гевгелија. Фестивалот е дел од програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ и ќе понуди уникатни едукативни содржини, креативни работилници, изложби и спектакуларни настапи на светски познати диџеи и уметници.

Како што соопштија од Општината, програмата за првиот ден е фокусирана на едукација и креативната индустрија.

На платото пред Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Vince Watson- британски продуцент и диџеј ќе одржи специјализирана работилница за музичка продукција и ќе сподели свои искуства и техники со младите уметници. За љубителите на музичката технологија, Ристо Раданлиев (Risto Inovates) ќе презентира нови модуларни уреди и техники за креирање музика. Исто така, во галерискиот простор на Театарот, љубителите на фотографијата ќе имаат можност да ја посетат Изложбата на Иван Калчев, гевгелиски фотограф чија работа нуди автентичен визуелен наратив. Активностите продолжуваат кафе-бар „У“ со диџеј сетовите на Томи Бојаџи и Самоил Радински, се наведува во соопштението од локалната самоуправа.

Утре фестивалската програма ќе се префрли во рекреативниот парк „Динќут“. Први на сцена ќе настапат локалните диџеи од „АРТ УМ“, по што ќе следуваат настапи на познатите домашни диџеи Herzel и Виктор Апостолски. Финалето ќе го означи настапот на британскиот продуцент и диџеј Vince Watson. Покрај музичката програма, публиката ќе има можност да ја доживее визуелната инсталација на Ице Капсаров, уметник чија работа комбинира светло, форма и движење во амбиентална композиција, создадена специјално за просторот на „Динќут“.

Програмата денеска почнува во 20:00 часот, а утре во 17:00 часот.