
Поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ е главен кандидат за нов тренер на Вест Хем доколку Греам Потер биде отпуштен, јавуваат денеска англиските медиуми.
За 57-седумгодишниот Билиќ тоа би било враќање на клупата на лондонскиот премиерлигаш, кој го предводеше од 2015 до 2017 година.
Билиќ, според медиумите, е прв избор на сопственикот Дејвид Саливан, а меѓу кандидатите се споменуваат и Нуно Есприто Санто и Шон Дајч.
Вест Хем потфрли на почетокот на сезоната и по четири кола освои само три бодови и се наоѓа на 18, место во Премиер лигата.
Билиќ е без тренерски ангажман од август минатата година, кога го напушти саудискиот Ал-Фатех