Skip to main content

Ѓорческа близу до првите 200 на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи нов скок на светската ранг-листа. Ѓорческа на денес објавената листа напредуваше 32 места и сега се наоѓа на 207. позиција.

Во текот на својата кариера македонската тенисерка најдобар рејтинг го имаше пред осум години кога беше 170-ма на ВТА-листата.

Во Топ 5 се: Арина Сабаленка, Ига Швјонтек, Коко Гоф, Аманда Асимова и Мира Андреева.

Поврзани вести