Skip to main content

Пратеникот на Левица — Сашко Јанчев остана без пасош и без возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, при сообраќајка во Марино, соопшти во неделата Јавното обвинителство (ЈО)

Како што информираат од ЈО, осомничениот, околу еден часот по полноќ во неделата, во селото Марино, управувал автомобил „хјундаи тусон“ спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, така што со возилото првин преминал на левата страна од коловозот, а веднаш потоа свртел надесно, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот.

Како резултат на тоа, при наглото свртување, во десниот страничен дел од возилото со кое управувал удрил мопед „jијинг“ без истакнати регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник. Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои во моментот на несреќата не носеле заштитни кациги, завршиле со тешки телесни повреди. Со полесни телесни повреди се здобил сопатникот во автомобилот „хјундаи тусон”.

„Со извршените анализи, кај двајцата возачи по несреќата не е утврдено присуство на алкохол или на други супстанции во крвта. По наредба на јавен обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, а автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед“, велат од Обвинителството.

Имајќи ги предвид сите околности, со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител предложил да се определат мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и привремено одземање на возачката дозвола.

Поврзани вести