Skip to main content

Maчни детали за пронајдените тела на судењето каде Обвинителството изведува докази за убиствата

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството.

Обвинителката  Жаклина Трајковска предочи дека Панче Жежовски бил пронајден во дупка длабока три метри со дијаметар од 1,67 метри. Во близина на дупката обвиткана со земја и трња бил пронаден мобилниот телефон на Жежовски како и една чаура од муниција со калибар од 9 мм.

Неговото возило кога било пронајдено било целосно опожарено, но се забележувале регистарските ознаки.

На, ова се надоврза бранителот на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, Јовица Страшевски кој бараше доказите да се изведуваат, а не само да се читаат.

Вања, пак, имала дупка во главата од проектил од боева мунција. Обвинителството ова го доставило како доказ до судот.

Пронајдена е и сива самолеплива лента на главата од девојчето и ова е дел од доказите, се надоврза судијата Ивица Стефановски.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibom