Skip to main content

Приведени две лица во Дебар поради предизвикување пожар

Freepik

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност – Дебар лишила од слобода двајца жители на градот поради предизвикување пожар.

Синоќа во 21:30 и во 23:15 часот во Дебар, полициските службеници ги лишија од слобода М.Ф.(41) и А.Р.(38), двајцата од Дебар. Тие се сомничат дека заедно со уште едно лице околу 19:30 часот предизвикале пожар на стрниште во Градскиот парк во Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на третото лице.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Ова е последователен ваков случај. Претходно беа лишени од слобода жител на Дебар, на село Рајчица и жителка на Долно Косоврасти под истото сомнение.

Поврзани вести